2win800x200

ПРОБНА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА УЛИЦАТА „ВАСКО КАРАНГЕЛЕВСКИ“

Септември 20, 2019

Коловозот на улицата „Васко Карангелевски“ каде има вкупно 4 ленти наменети за возилата во двата правци, денеска беше сведен на две ленти за автомобилите, а две времено и пробно за велосипедистите. Оваа еднодневна активнсот се одвиваше во рамките на Европската недела на мобилност, со што промотивно беше претставена велосипедска патека на широка улица во градот.

-Денешната активност треба да биде согледување на тоа дали улицата „Васко Карангелевски“ може да има друг сообраќаен режим, каде што повеќе простор ќе им биде отстапен и на велосипедистите. Во рамките на европската недела на мобилност се изведоа низа активности во нашата општина со кои конечно во Битола би можеле да го решиме сообраќајниот хаос. Светските трендови налагаат зголемување на просторот на пешаците и велосипедистите, а намалување на возилата“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Пробната велосипедска патека на „Васко Каранглевски“ е еден вид тест дали ова во иднина може да биде соодветно решение. Претставниците на СВР Битола, го следеа ова тестираше, кое треба да донесе одредени сознанија за промени во целокупниот сообраќаен режим на улицата „Васко Карангелевски“.

- Ќе видме дали ова ќе функционира или  можеби ќе создадеме тесно грло на оваа сообраќајница. Ова решение ќе важо само за денес, а времениот режим за сообраќај е одобрен од СВР и ќе бидеме овде од 09 до 21 часот, изјави Славчо Димовски, Одделение за урбанистичко планирање на Општина Битола.

Во рамките на Европската недела на мобилност во Битола беа промовирани неколку проекти на сообраќајниците кои како решенија можат да придонесат за подобрување на сообраќајниот хаос во градот

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани