2win800x200

Чистењето на реката Драгор влегува во завршна фаза

Септември 21, 2019

Акцијата за чистење на коритото  на реката Драгор, која започна на почетокот на август влегува во последната фаза. Механизацијата ангажирана од ЈП „Нискоградба“ денеска беше по течението во централното подрачје, односно на потегот од Ленски мост до Дрвеното мовче. 

70596403 464035020989574 2546883591841775616 n
-Оваа акација се спроведува од Железничкиот мост кај населба Кланица до Црн Мост, ЈП Нискоградба ја изведува во координација со Општина Битола, а  склучениот договор е 3 милиони денари. Големите насипи што беа по течението на реката Драгор со помош на камион и ровокопач се подигаа и се одлагаа на депонијата Мегленци. Со еден дел се вршеше насипување  каде во иднина во населба Довлеџик треба да се пробие пат. Сега со булдужер се врши порамнување на остантиот дел на дното од речното корито, вели  директорот на ЈКП „Нискоградба“, Методи Силјановски. 
 71282408 727285467695973 1146641991837155328 n
Сегашната акција за чистење на реката Драгор треба да заврши до крајот на овој и почетокот на следниот месец, а ќе бидат исчистени 2,5 километри должина од речното корито
 71250721 2473269096121606 4950892592616177664 n
-Досега извадовме околу 2000 кубици ѓубре, а во наредните денови ќе знаеме уште колку ѓубре ќе треба да се подигне  со ровокопач на камион. Се што подигнавме беше насип, чакал и земја во огрмни количини носен од планините, како и  треви, рече Силјановски. 
 71137864 504230437028703 861511091719503872 n
Ланската година коритотот на реката Драгор беше исчистено од мостот кај Судовите до Црн Мост, по што поради временските услови акцијата беше прекината, а претходно реката не беше исчистена 3 години. 
71084057 767937983620419 4520435370889838592 n
(Битолчани будно го следат чистењто на коритото на реката Драгор)
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани