Момче од Битола возело „бмв“ без возачка, двајца други возеле мопеди без возачка

На 13.07.2026 во 21:15 часот на ул. „Козјак“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода  А.Р. (21) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле  возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Р., при што било констатирано дека тој нема возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.07.2026 во 19:20 часот на ул. „8 Септември“ во Битола, полициски службеници го лишија од слобода В.Т. (18) од с. Карамани, битолско, бидејќи бил затекнат како управувал мопед без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.07.2026 во 16:30 часот на ул. „Партизанска“ во Битола, полициски службеници го лишија од слобода  К.Ѓ. (20) од с. Бистрица, битолско, бидејќи бил затекнат  како управувал мопед без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

НАЈНОВО

НОВОСТИ
ПОВРЗАНИ