Битолчанката ИСКРА НЕЧАКОВСКА ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА МЕЃУНАРОДНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ФИЗИКА во КОЛУМБИЈА! По сребрениот медал на Европската олимпијада по физика во Шведска, македонските олимпијци остварија нов значаен успех и на Меѓународната олимпијада по физика!
Македонскиот тим успешно настапи на 56. Меѓународна олимпијада по физика (IPhO 2026), која се одржа од 4 до 12 јули 2026 година во Букараманга, Колумбија. Во конкуренција на 381 ученик од 85 земји од светот, македонските натпреварувачи ги постигнаа следните резултати:
Бронзен медал – Искра Нечаковска, IV година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола,
Пофалница – Панче Крстев, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Карпош, Скопје.
Пофалница – Андрија Младеновиќ, III година, ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје.
На олимпијадата успешно го претставија своето знаење и:
Андреј Доневски, III година, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово.
Михаил Шапчески, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Карпош, Скопје.
Водачи на тимот беа:
• проф. д-р Ламбе Барандовски – редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје и претседател на Друштвото на физичарите на Република Македонија;
• д-р Христијан Кочанковски – претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ.
Друштвото на физичарите на Република Македонија им упатува искрени честитки на учениците за извонредните резултати, како и на нивните ментори и на сите кои придонесоа во нивната подготовка.
Искрена благодарност упатуваме до Природно-математичкиот факултет – Скопје и Институтот за физика за континуираната поддршка и обезбедените услови за подготовка на олимпијците.
Посебна благодарност до Министерството за образование и наука, кое во целост ги покри трошоците за учеството на македонскиот тим на 56. Меѓународна олимпијада по физика.
Честитки до сите наши олимпијци! Горди сме на вашите успеси и ви посакуваме уште многу медали и достигнувања во иднина!
