2win800x200

( ФОТО И ВИДЕО) Отворени две ресурсни простории во ОУ „Коле Канинаски“ наменети за учениците со попреченост

Декември 06, 2023

 Под мотото "Сите зрачиме на различен начин", основното училиште  "Коле Канински"  го одбележа  Меѓународниот ден на лицата со попреченост, при што беа отворени две простории за деца со атипичен развој и деца со потешкотии.

 -Денес со се отвораат две катчиња за индивидуална поддршка на учениците со атипичен развој и потешкотии, кои ќе служат како платформа за развој и инклузивно  образование на учениците со попреченост. Ќе бидат место на инспирација каде секој ученик ќе има можност за различно и успешно учење. Во текот на оваа недела по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, нашето училиште реализираше различни активности и настани со цел да ја подигне свеста и разбирањето за потребите на овие ученици. Нашето училиште има јасна визија за еднаков пристап на сите ученици, поставувајќи се на фундамент на поддршка, насока и овозможување на поголеми можности за развој и напредок. Нашата ангажираност е да креираме образовна средина каде секое дете има можност да се развива и напредува во согласност со своите потреби. Со гордост можеме да кажеме дека нашето училиште е место каде образованието не  е само активност , туку и искуство што овозможува секое дете да се чувствува важно и да ги надминува своите граници. Со ова ние не го поддржуваме само индивидуалниот напредок, туку создаваме основа за инклузивно и хармонично општество, изјави Дијана Христовска, директор на ОУ„Коле Канински“ Битола

Овие ресурсни простории   се опремени со поддршка на ГИЗ- Германско друштво за меѓународна соработка во рамките на регионалниот проект „Социјална инклузија на ранливите групи во Западен Балкан“ во соработка со Општина Битола и ЗЕЛС

-Ваквите можности се меѓу носечките принципи врз кои треба да се темели работата на секоја институција особено на оние од образованието, онаму каде што станува збор за воспитно образовниот процес на децата. Тоа  е вистинскиот начин секој да биде мотивиран, да го даде најдоброто од себе, да придонесе за заедницата.  во кој,  независно од своите потешкотии ќе може успешно да учи и да се развива. Со програмата за социјална заштита на општина Битола  посветуваме посебно внимание на лицата кои се соочуваат со одредена попреченост со цел колку што е можно повеќе да им ги подобриме  условите за живот. Во оваа насока како локална самоуправа даваме поддршка на повеќе активности. Денешниот настан покажува дека само низ континуирана работа можеме да постигнеме успех. Со цел подобрување на способностите, вештините и можностите на децата со потешкотии во ОУ Коле Канински, денеска се отвораат  две катчиња за работа за деца со атипичен развој кои ќе бидат од огромно значење за стручниот и наставниот кадар од аспект на зголемување на нивните капацитети за работа со овие ученици, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Е. Мисирлиевска

Учениците заедно со нивните настаници по повод овој настан подготвија пригодна програма за сите гости на денешниот настан во ОУ Коле Канински Битола

IMG 5c79b19aa8fa092a89089e3e83f9542b V

IMG 7a87ab092277d2d065f5a78bd04fd376 V

IMG 8c923716f3a9bf4db4c1c51e0814eaf2 V

IMG 8d9c7edac788e27b197ce75e229d0854 V

IMG 88b56bd7b51c9bdc6bf54e1322250149 V

IMG 4390a5429a8dc52f8fd0139e5f4c46f1 V

IMG 8873bbea27f0b207c005219c19f38ebd V

IMG b84ec955f1e2fc7df82f361ccf78722a V

IMG c59e5f2380a91b67c8bb15d016a9ca93 V

IMG c852bb8a5e5214ec91439cca19e94be9 V

IMG c916b2a20e74e91c89ff6424a0d24b48 V

370334806 379505717814248 5357277854400070860 n

385546807 661634986085719 3745867275230412517 n

385544045 729600241952665 844025766885498207 n

385524046 208815595530524 6001652629140360404 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани