2win800x200

На Олимписки во Битола 19. Меѓународен пливачки натпревар, младите пливачи бараат затворен базен за да се конкурентни на своите врсници од соседството

Август 20, 2023

Во организација на пливачкиот клуб „Олимпик“ Битола, на Олимпискиот базен се одржува 19 Меѓународен натпревар. Учесници на натпреварот се младинци до 18 години од пливачките клубови од Македонија, Косово, Србија.

Оваа спортска манифестација се реализира со поддршка на неколку приватни спонзори, како и родителите на учесниците.

Инструкторот по пливање, основач на клубот „Олимпик“ и познат спортски работник Кире Марков, со голем ентузијазам го организира настанот по 19 пат.

Ваквите спортски манифестации уште еднаш го отвораат прашањето за потребата од затворен базен во Битола, каде младите ќе можат да тренираат и во зимски услови, со што ќе бидат поконкурентни со останатите натпреварувачи кои имаат подобри услови за подготовки

viber image 2023 08 20 10 13 45 709

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани