Се известуваат пензионерите членови на Здружението на пензионери – Битола, Новаци и Могила кои имаат пензија до износ од најмногу 12 000 денари месечно, како пензионери самци, или најголем износ на вкупна пензија до 20.000.- доколку се двајца пензионери во семејството, дека почнувајќи од 01.02.2022 година заклучно со 04.02.2022 година во времето од 10:00-14:00 часот ќе се прават списоци за доделување на ваучери во вредност од 1.000.- денари, согласно Правилата донесени од ИО под бр. 02-150/2/4 од 11.08.2021 год. 

 
Сите пензионери кои запишале и добиле ваучери во претходната акција за запишување во месец август и септември 2021 година немаат право повторно да се запишуваат.
 
За запишување на ваучери потребно е секој пензионер да достави чек од пензијата не постар од 2 месеци и телефонски број.
Запишувањето на ваучерите ќе го вршат претседателите на Месните Ограноци во просториите на Месните заедници или други простории кои што можат да се користат за вакви цели.
 
Меснит Огранок „Даме Груев“ ќе врши запишување на ваучери на 01 и 02.02.2022 година во просториите на Месната Заедница ,,Борис Бастерот,,, додека Месниот Огранок „Борис Бастерот“ ќе врши запишување на ваучери на 03 и 04.02.2022 година во просториите на Месната Заедница ,,Борис Бастерот,,.
 
Месниот Огранок „Елпида Караманди“ ќе врши запишување на ваучери во просториите Месната Заедница Коле Канински.
 
Месниот Огранок „Таки Даскало“ ќе врши запишување на ваучери во просторииите на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ на 05 и 06.02.2022 година.
Месните Ограноци  „Димче Хаџипоповски“, „Вељко Влахович“ и  „Стево Патако“  ќе запишуваат ваучери во клубот на пензионери на ЗП – Битола од 01 – 04.02.2022 година.
И за овие Месни Ограноци запишувањето ќе се врши од 10:00 до 14:00 часот
 
 
             Здружение на пензионери
                               Битола

Се известуваат пензионерите, членови на ЗП Битола, дека акцијата за запишување на ваучери се прекинува , согласно Изборниот Законик, се до целосното завршување на локалните избори.

Сите поднесени документи за добивање на ваучери во меѓувреме ке бидат ревидирани во смисла на исполнување на условите од Правилата за доделување хуманитарна помош на пензионерите, донесени од Извршниот одбор на ЗП Битола, според кои хуманитарна помош можат да добијат пензионерите чија пензија изнесува најмногу 13.000,00 ден. без други додатни приходи во семејтвото, односно пензиите на сопруг и сопруга да не се повисоки од 20.000,00 ден. исто така без додатни приходи во семејството. Овие ваучери во вредност од 1000,00 ден. ќе бидат дадени на пензионерите после целосното завршување на локалните избори.

Во периодот после изборите ќе се овозможи ново запишување на пензинери, за доделување на ваучери доколку ги исполнуваат горе наведените услови, а не се претходно пријавени, стои во соопштението на Здружение на пензионери. 

              

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани