По повод Меѓународниот ден на стари лица, Здружението на пензионери од Битола покрена иницијатива за вклучување на неговите членови во поуспешно користење на библиотечниот фонд во НУ Универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“. Претседателот на Здружението Томе Димитровски и директорот на Библиотеката м-р Бојан Стефановски потпишаа меморандум за соработка со цел реализација на заеднички проекти и активности од двостран интерес.

Членовите на Здружението на пензионери можат да ја користат привилегијата за повластена цена за годишна членарина во износ од 150 денари за користење на литература. За таа цел Библиотеката ќе ги стави на располагање просторот и салите за промоции по повластени цени, како и користење на читални и услуги од Одделот за периодика. За поуспешно запознавање на членовите на Извршниот одбор на Здружението на пензинери свои излагања имаа Јелана Петровска и Лидија Мицевска. На денешната средба се разгледаа и можностите како пензионерите поуспешно да го користат библиотечниот фонд на „Св. Климент Охридски“. bibliotek 2

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани