2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

 Археолошкиот локалитет Влахо кај битолското село Живојно во Пелагонија е  најстарата неолитска населба во Македонија, што е  потврдено со лабораториско датирање, соопшти  Центарот за истражување предисторија.

Објавен е научен труд за археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно  во Пелагонија. Трудот е поврзан со минатогодишното истражување на овој предисториски локалитет и е публикуван во списанието Патримониум. Во него се сумирани резултатите од мултидисциплинарните истражувања кои се дел од континуираната соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола, во која учествуваат врвни стручњаци и студенти од Универзитетот во Базел, Германскиот археолошки институт, Универзитетот во Белград, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“,објави Телма

Трудот е концентриран на извонредните сознанија добиени од првите мултидисциплинарни проучувања на неолитската населба Влахо кај Живојно, на која се вршеше ископување, систематско рекогносцирање, археоботанички, археозоолошки и радиокарбон анализи. Истражувањата потврдија дека станува збор за една од најголемите неолитски населби во Македонија, во која која се живеело пред околу 8000 години и тоа во долг континуитет, што го покажуваат и повеќето архитектонски слоеви.

Архитектонските остатоци посочуваат на постоење мноштво куќи градени од лепеж и глинест малтер, кои во текот од неколку стотици години биле подигнати едни врз други и тоа во најмалку седум фази. Во нив се откриени фрагменти од одлично изработена керамика, декорирана со бело сликани орнаменти, како и фигурини, жртвеници, модели на куќи и повеќе видови камени и коскени алатки. Тие упатуват на динамичниот економски и духовен живот на едни од првите земјоделски популации што ја населиле Пелагонија околу 6000 години п.н.е. Тоа го потврдуваат и бројните органски остатоци кои се резултат на конзумирањето разни житарици и шумски плодови, како и на исхраната со домашни и диви животни.

Со публикувањето на овој труд се афирмираат исклучително ретките сознанија за неолитските населби на падините на пелагониските планини. Воедно, овој труд претставува и обид да се презентира и популаризира непознатото предисториско културно наследство во Македонија, кое изобилува со уникатни уметнички и технички одблесоци.

Пристапот кон овој труд е слободен и тој може да се преземе на следниот линк:

http://www.kalamus.com.mk/

https://telma.com.mk/

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани