2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Владата на  Македонија на денешната седница донесе повеќе одлуки со коишто се штити животниот стандард на граѓаните. Направени се, на предлог на Министерството за економија, намалувања на маржите кај овошјето и зеленчукот, со што цените се очекува дополнително да се намалат до 30 проценти. Укинати се увозни давачки за млекото и павлаката, што се очекува да се одрази со намалување на цените и на овие производи. А, гарантирана цена е утврдена во продажбата на вода, негазирани и газирани безалкохолни пијалоци и пива.

Регулаторната комисија за енергетика  на  Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80% во однос на одлуката од 5.08.2022 година.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 ден/кг и сега ќе изнесува 52,786 ден/кг.

Од 9.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 90,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 92,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,786 (денари/килограм)

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани