Webp.net gifmaker

Гори ли гори местото што вчера го исчистија класнето и ученици од Битола

Март 25, 2019

Еден ден по еколошката акција „Мети си со класнето“, местото во близина на Новиот пазар во Битола каде вчера се чистеше, денес го зафати пожар. Организаторите на акцијата не знаат дали пожарот се појавил случајно или пак некој го потпалил местото, но бараат инспектори да утврдат што се случува.Од Противпожарната единица во Битола велат дека пожарот е изгаснат и дека бил предизвикан од човечки фактор.

 pozar 2

„Токму на тоа место вчера чистевме, а денес гори. Местото е фреквентно, но не можиме да ги знаеме причините. Ние нашето го направивме со акцијата. И ова нема да не спречи, нема да не обесхрабри“, изјави Марија Магдалена Петковска Микаровска, класна на втора шест од Средното медицинско училиште од Битола.  

На класната и учениците кои ја покренаа акцијата за чистење на ѓубрето низ Битола, вчера им се придружија и ученици од други класови, вработени на Правниот факултет, од здружението Геосфера, професорот Мите Ристов со клас од Горната гимназија, Млади хуманисти, од Народниот театар и други битолчани.

 „Втора шест беше на ниво на задачата. Имавме родители на децата, имавме луѓе кои го виделе повикот и сакаа да помогнат. Имаше случајни минувачи кои се приклучија и такви кои не гледаа како да сме вонземјани. Најдовме стар мебел од некој труп трупосан шо сакал да си реновира дома, а да не плати камион да му го земи сметот и да го однеси на депонија. Па, си решил да направи депонија. Не се секирај друже средивме се, релакс ти не се напнувај децата скоцкаа се. Друг пат викни не совреме. Најдовме шприцови, метадонче, умрен зајак, телевизорчиња, чевли, алишта, документи од фирма, се' фала Богу една куќа да си суредиме од А до Ш“, напиша Класнето на фејсбук.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани