Оваа година на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура имаше рекордни 70 учесници, после рестриктивните години на пандемијата со ковид кои со радост и ентузијазам говореа за можноста повторно, или за прв пат, да бидат на семинарот. Сите тие се дел од мрежата од странски македонисти во светот којашто има огромен потенцијал за афирмација на македонскиот јазик и култура