
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола издвојува средства за субвенционирање на возачките дозволи за младите со вкупна сума од 300 илјади денари, како надомест за дел од трошоците за возачки испит.
Оваа точка е поставена на дневен ред на седницата на Советот на Општина Битола закажана за 29 декември.
На веќе закажана седница и познат дневен ред, вчера општинската организација на Левица Битола објави јавно дека ќе поднесе амандман за субвенции за возачка дозвола на младите во Битола. Ваквиот потег на Левица Битола е оценет како лицемерие од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, додека пак претседателот на Советот Бојан Бојкоски „амандманот“ на Левица го нарече политиканство.

Советот на Општина Битола на денешната прва работна седница ја прифати донацијата од Амбасадата на САД во висина од 1 милион долари за дооформување на новиот објект на противпожарната станица. Градоначалникот Тони Коњановски јавно се заблагодари на Амбасадата на Соединетите Американски Држави за, како што рече, значајната поддршка во зајакнувањето на капацитетите за заштита и спасување.
На истата седница Советот донесе и две важни одлуки со кои се деблокираат големи инфраструктурни проекти. Првата се однесува на грантот од Европската инвестициска банка во висина од 1 милион евра, наменет за реконструкција на водоводни мрежи на седум локации, од кои пет се во градското подрачје, а две во руралните средини.
Дополнително, беше усвоен и Нацрт-деталниот урбанистички план за спортски комплекс во населбата Нова Битола, со што се создава основа за отпочнување на процедурата за еден од поголемите идни спортски проекти во општината.
Градоначалникот Коњановски се заблагодари на советниците за, како што рече, конструктивноста и поддршката во носењето на одлуките важни за развојот на Битола.
