МВР известува - 58 санкции за возачи во акциска контрола во Битола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување
На 28.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Битола, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 58 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив шест мерки кон возачи на електрични тротинети, 25 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитен шлем (кацига), една мерка за истечена полиса за осигурување, три мерки за несоодветна категорија и 18 мерки за останати сообраќајни прекршоци.
При акциската контрола одземено е едно моторно возило за предизвикување на бучавост по член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Откриени се и четири кривични дела и лишени се од слобода четири лица за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик за управување на мотоцикл без да поседува возачка дозвола. На сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
СВР Битола известува. - На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат  Градско - Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес" со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
Градоначалникот Тони Коњановски објави дека - Екипи на јавните претпријатија Нискоградба, Водовод и Комуналец со својата оператива се на терен во санирање на штетите по силниот дожд што ја зафати ноќеска Битола.
„Силните и интензивни врнежи помеѓу 22.00 и 01.00ч. направија оштетување на коловозот во дел од населбите Баир, Бадембалари, на улиците Дебарска, Бихач и Караорман. Дел од оперативата работи и на потегот Кравари и Бистрица. Заедно со директорите сум на терен со цел координирање и санирање на состојбите“, објави Коњановски 
Можно е да е слика од осветлување
Нема опис за фотографијата.

Во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот во Битола наврнале 26 литри дожд на метар квадратен, во Демир Капија, 24, Виница, 21, Лазарополе, 17, Берово, 14,  Крива Паланка,13, Гевгелија, 8, Скопје – Петровец, 2, а во Кавадарци, Крушево и Маврови Анови по 1 литар. 

Управата за хидрометеоролошки рабои (УХМР) информира дека денеска ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде до 32 степени.

МИА

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион.

„Динамиката на изградбата на автопатот Прилеп-Битола е одлична, работиме со одлично темпо, роковите ќе бидат запазени. Очекувам веќе следната пролет да ги имаме првите километри автопат на овој потег, што многу ќе значи за движењето, за економијата и за поврзувањето не само на Прилеп и Битола, туку и на општините Могила и Новаци, како и на Ресен и Демир Хисар”, изјави Николоски.

Страница 1 од 196

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани