Анета Блажевска

Анета Блажевска

Актуелниот градоначалник на Битола Тони Коњановски ја започна кампањата "Предложи идеја" со цел да ги поттикне граѓаните да ги искажат своите идеи и ставови за поубав и пофункционален град. Коњановски објави дека денес одржал повеќе средби  со жителите од урбаните заедници „Блаже Рогозинаро“, „Коле Канински“, „Борис Бастеро“ и „Александар Турунџев“ во Битола.

 
-Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобра иднина на нашата општина.
  Битола ја градиме заедно со граѓаните секој глас е важен, секоја идеја е добредојдена!, објави Коњановски. 1000005114

 Невремето што ја зафати Битола во саботата попладне оштети над педесет дрвја во градот на повеќе локации. ЈКП Комуналец информира дека работи на расчитување и санирање на оштетените дрвја. - И во текот на денешниот ден ЈП Комуналец на терен за расчистување на штетите од невремето кое покрај другото оштети повеќе од 50 дрвја на територијата на општина Битола. Санацијата на штетите продолжува и во наредните денови, соопштија од битолски Комуналец .

Најубавата забава е во Битола! На Градското Шеталиште во Битола денеска врие како во кошница од лични дечиња - првачиња!  Општина Битола во соработка со ЈП „Паркинзи“ и подржувачите на настанот Зоолошка градина, Културно Информативен центар, Црвен Крст, СВР Битола, БиМилк и Пелистерка денеска на првиот ден од новата учебна година со почеток од 11 часот, ја започнаа  првата  „Училишна приказна“  на Битола.

 1000005074
Настанот е исполнет со детска радост, подароци, музика и игра од ученици од основните училишта и учесници на фестивалот „СИДО“. Децата  бесплатно се возат со „Мечо“ да се дружат со кловнот Заги и „Моја Кравица“. 1000005083

Градоначалникот Тони Коњановски денеска на самиот почеток на новата учебна година го посети ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во с. Бистрица по реакции во јавноста за состојбата на училиштето пред почетокот на учебната година. Коњановски објави дека  оствари средба со родителите и директорката на училиштето. 

 
- Училницата која во изминатиот период беше предмет на политички шпекулации е целосно санирана.
Родителите посочија уште две потреби:
1. промена на дограмата во училницата
2. набавка на клима уред.
 
Овие барања ќе бидат реализирани во најбрз можен рок, за учениците да учат во подобри и поквалитетни услови.
 
Во тек е и изработка на проект за енергетска фасада и дограма за целото училиште, а проектот за изградба на најмодерна спортска сала продолжува – за спортски, здрави и среќни генерации ученици.
 
Подобрувањето на образовната инфраструктура, останува наш врвен приоритет, објави Коњановски по посетата на училиштето во Бистрица .

Училишното ѕвонче денеска  го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки.  

Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Вештачката интелегенција влегува во наставата, а образовни асистенти ќе можат да добијат и средношколци. 

 
 

Водовод Битола со соопштение

 
Ве известуваме дека поради дефект на пумпа во пумпната станица „Довлеџик“, поголем дел од ниската зона на град Битола е без вода.
Дефектот е саниран и во тек е монтажа на пумпата.
 
Очекуваме водоснабдувањето да се стабилизира во вечерните часови.
 
Ви благодариме за разбирањето.

Внуката на војводата Александар Турунџев, познатата македонска певица и телевизиски водител Сузана Турунџиева денеска објави фотографија од балконот на семејниот  дом во Битола од каде има директен поглед на новопоставениот споменик на војводата Александар Турунџев  во близина на Ат Пазар во Битола. Турунџиева утринскиот чај го пие во филџан со ликот на великанот Гоце Делчев, а погледот е вперен во ново откриениот споменик на војводата Турунџев. Внуката на војводата овој поглед го опишува со зборовите - "Какво бесценето чувство!" 

Стануваш од спиење и се прашуваш дали она вчеравечер беше сон или реалност?
Погледнуваш низ прозорец, го гледаш дека е тука и си велиш: Не, не било сон. Тука е, Турунџе е тука! Конечно!!! 
А мајка ти те чека со сварен чај од душата на мајката... Си седнуваш на тераса и гледаш во сонот кој стана реалност, а луѓе непрестано доаѓаат, му се поклонуваат и се сликаат...
Одсега нашиот стан нема само материјална и емотивна вредност.  Одсега има и историска вредност! 
Фала ти животе, напиша македонска певица Сузана Турунџиева 1000005043

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани