Анета Блажевска

Анета Блажевска

Директорот на "Комуналец" Битола, Горан Степановски  објаснува зошто камиони од  охридското комунално претпријатие се движат низ Битoла. - Во врска со последната објава на советникот Иван Чулакоски, кој е „загрижен“ поради движењето на камиони на ЈП КОМУНАЛЕЦ Охрид низ Битола, ја информираме јавноста дека:

 
Двете Возила на ЈП КОМУНАЛЕЦ Охрид се на метан и единствената соодветна бензинска станица во регионот каде што можат да наполнат метан е лоцирана токму во Битола.
 
Се работи за редовна, логична и економски оправдана пракса, а не за некакво „сомнително“ или „загрижувачко“ движење.
 
Во прилог: фотографија од камионите на бензинската станица, објави Горан Степановски, директор на ЈП Коминалец Битола 
 
- Очекуваме во иднина повеќе сериозност, порача Степановски  .

Игроорците од Полска ги маѓепсаа битолчани и со игра и со убавина на настапот на "Илинденски денови" Полска заигра на плоштадот Магнолија со Ансамблот од Лублин.

 
фото Ивона Кочов 1000003679 1000003682 1000003680 1000003676 1000003663 1000003683 1000003678 1000003681 1000003660 1000003657 1000003662 1000003671 1000003665

До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

Целта на оваа мерка е јасна: зголемување на транспарентноста, отчетноста и воспоставување контрола во користењето на службените возила. Обележувањето на возилата ќе овозможи граѓаните лесно да ги разликуваат од приватните, со што ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели.

Во наредниот период ќе биде отворена и телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилна употреба на службените автомобили. Секоја пријава ќе биде евидентирана и ќе се постапува согласно законските процедури.

Во завршна фаза е и изготвувањето на централен регистар за сите службени возила, кој ќе обезбеди дополнителна контрола и увид во нивното користење.

Со оваа одлука се исполнува уште едно клучно ветување – одговорно управување со државните ресурси и целосна отчетност кон јавноста. Државата испраќа јасна поракадека јавните ресурси се за јавна употреба, а не за лична корист.

Преку воспоставување на систем за јавен увид и контрола, се поставуваат повисоки стандарди на интегритет и одговорност во работењето на сите институции.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани