Анета Блажевска

Анета Блажевска

Почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола), соопштија утрово од Друштвото на писателите.

Свидерска беше поетеса, есеист, доктор по филолошки науки, лекторка по македонски јазик .

Во спомен на Славица Свидерска (1984-2025) сочуство изрази и Битолската библиотека  "Свети Климент Охридски" 

 
Со длабока жалост ја примивме веста дека почина младата роднокрајна писателка Славица Свидерска. Нејзиното заминување претставува голема загуба за нашата книжевна заедница и за сите кои ја познаваа нејзината искрена љубов кон пишаниот македонски збор.
Славица беше авторка која преку своите дела умешно ги пренесуваше чувствата, спомените и боите на македонската стварност. 
Таа беше наш роднокраен автор и соработник со нашата библиотека во многу активности. Нејзината младост беше исполнета со креативност, соништа и желба да создава и да инспирира. 
Нека нејзините зборови продолжат да живеат и сведочат за талентот, љубовта и духот што ги остави зад себе.
 
Нека ѝ е вечна славата и споменот.

ПРВА РАБОТНА ПОСЕТА НА НОВОИМЕНУВАНАТА КИНЕСКА АМБАСАДОРКА НА ОПШТИНА БИТОЛА

 
Новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија, нејзината екселенција Џијанг Сјаојан оствари прва работна посета на општина Битола, по нејзиното назначување како претставник на кинеската влада во Македонија.
 
На средбата со градоначалникот Тони Коњановски, таа изрази задоволство од првата посета на Битола и посочи дека е воодушевена од нејзината архитектура. 
 
Градоначалникот Коњановски ја истакна богатата културна и историска традиција на Битола, а амбасадорката посочи дека е многу значајно за една земја да го чува своето минато и традиција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани