
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола информира На 20.10.2025 во 11:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во специјалната болница во туристичката населба Отешево, ресенско, бил нарушен јавниот ред и мир со физички нападн извршен од А.В.(38) од Битола врз Б.М. од Прилеп . Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Битолчанката Валдета Мусаи Фејзуловска доби мандат за советник во новиот состав на Советот на Општина Битола. Фејзуловска беше носител на листата на Националната алијанса за интеграција и Демокртаската унија за интеграција и на вчерашните локални избори освои 1004 гласови.
Јагода Талевска како носителка на советничка листа на Движење ЗНАМ За Наша Македонија - Битола ќе биде советник во новиот состав на Општина Битола. ЗНАМ освоија околу 1.350 гласови
Талевска ќе биде првиот советник на ЗНАМ во битолскиот Совет.
СДСМ Битола освои пет советнички мандати во идниот Совет на Општина Битола. Повторно во советничката клупа ќе седне Петар Николовски кој беше ностиел на листата, а со него ќе бидат и Софија Ристевска-Петрушева, Јадранка Павловска, Драги Крстев и Александар Дракуловски. Советничката листа на СДСМ освои околу 5400 гласа.
ВМРО-ДПМНЕ Битола и коалицијата според партиски анализи освоија 16 советнички мандати во идниот состав на Советот на Општина Битола. Со овој број на освоени мандати, партијата го има мнозинството во идниот совет на Општина Битола. Во новиот Совет влегуваат носителот на советничката листа Филип Поповски, Бојан Бојкоски, Наташа Марковска, Илија Келепуровски, Марина Крстиќ, Александар Цветаноски, Мартин Ивановски, Кети Јосифовска, Александар Јаневски, Ангела Здравковска, Зоран Петковски, Златко Лозановски, Александра Лазаревски, Љубе Никлески, Кире Ризески и Јована Спасеноска.
Нема дилема дека во овој состав партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе го води претседателското место во Советот.

Либерално демократската партија се враќа во Советот на Општина Битола со освоен еден советнички мандат. ЛДП освои околу 1150 гласови на денешното гласање за локалните избори во Битола. Носител на советничката листа е Димитар Кузмановски и тој ќе биде за прв пат советник во идниот состав на Советот на Општина Битола.
ЛДП освои советници и во Општините Могила и Новаци.