АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На површина од 3500 м2 кои се дел од Сточниот пазар, се создаваат услови за работа на пазарот на големо во Битола.
Увид во работните активности и подготовките на теренот извршија градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и директорот на ЈП „Пазари“, Никола Гацоски.
Градоначалникот Коњановски истакна дека со ставањето во функција на пазарот на големо, се создаваат подобри услови за пазарџиите во градот, на кои им се овозможува во соодветни услови да ги продаваат своите производи.
Директорот на ЈП „Пазари“ Гацоски посочи дека за кратко време од околу 2 недели, вработените лица во соработка со останатите јавни претпријатија и локални приватни фирми, извршиле генерално чистење на просторот, рамнење на теренот, тапкање, се поставува гребен асфалт, тоалети, а паралелно е обезбедено ЛЕД осветлување, вода за пиење и одржување на хигиената. Следен чекор во уредувањето е оградување на просторот од сите страни.
Во наредниот период лицата кои продаваат земјоделски производи од камиони од Пелагонискиот регион, но и од останатите региони, потребно е да потпишат договори со ЈП „Пазари“ и да ги продаваат своите производи на уреден простор, наместо како досега, по улиците, на недозволени места.