АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ОК на ВМРО ДПМНЕ демантира дека градоначалникот Тони Коњановски купил нов автомобил
Лажните вести остануваат првата и единствена препознатливост на СДС
Почитувани граѓани,
Лажните вести остануваат првата и единствена препознатливост на СДС. Лага се нивните ветувања, лага е дека ќе ги подобрат вашите животи, лага е дека воопшто им е грижа што се случува со сите нас, што се случува со Битола, со Македонија.
Па така и вчерашната прес конференција дека општина Битола купила нов автомобил е само обична и голема лага и потврда на нивното политиканство и лицемерие кон вас.
Општина Битола откако ВМРО ДПМНЕ е локална власт, а градоначалник Тони Коњановски нема купено ниту еден автомобил и тоа многу лесно може да се провери. Не само да се провери, туку и СДС тоа многу добро го знае.
Така, почитувани граѓани, во недостаток на идеи и предлози локалната СДС во Битола со лажни вести и измислици се обидува да ја дефокусира јавноста од сите реализирани проекти во 2022 година, од се што е направено сега и е повеќе отколку во нивниот четиригодишен мандат - црн за Битола.
Вистината е, почитувани граѓани, дека општина Битола во 2016 година во прекуграничната програма помеѓу Македонија и Грција аплицираше со проект во кој беше предвидена и набавка на две возила односно едно комбе и едно теренско возило. Согласно одобрената апликација во мандатот на СДС проектот отпочна со реализација, а набавката на возилата ја направи поранешната градончалничка од СДС - Наташа Петровска.
СДС треба да одговори зошто учениците сеуште немаат учебници, а помина веќе половина учебна година.
Исто така, СДС лаже, дека учениците немаат превоз односно сите ученици во општина Битола имаат обезбеден превоз до училиштата и тој се реализира без проблеми.
Крајно време е СДС Битола да престане да шири лажни вести и да почне да се однесува како вистинска опозиција. Да почне да претставува идеи и проекти, а не само лажни вести.