АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дуња Иванова е концертна пијанистка, наставничка, докторка на науки за естетика и државен првак во сите велосипедски дисциплини во кои се натпреварувала последниве три сезони.
Иванова магистрирала на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано, а магистрирала и докторирала на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Дуња во разговорот за Фронтлајн вели дека музиката е светот во кој припаѓа, но пишувањето и спортот ја обликуваат нејзината стварност, „но ако треба да се идентификувам само со едно нешто, тоа би била мојата улога на мајка на две прекрасни деца“, потенцира Иванова.
Таа ни открива како од секојдневна навика, љубовта кон велосипедизмот добива нова димензија, за сега, активно да се натпреварува во четири дисциплини: планински и друмски велосипедизам, хронометар и вело крос.
Дуња е првата натпреварувачка од Македонија која се пласира и учествуваше на Светското вело-првенство во Глазгов.
Во разговорот за Фронтлајн, Иванова говори за искуството од Глазгов, за успесите на домашните и меѓународни натпревари, за тоа дали и како е поддржан женскиот спорт во државата, а ги најави и претстојните настапи на музички план.
Целиот текст на https://frontline.mk/
Какво беше искуството од Светското вело-првенство во Глазгов?
Дуња Иванова: Глазгов беше центарот на светот за сите вљубеници во велосипедскиот спорт и посебен предизвик за светската натпреварувачка елита. Амблемот сепак, во знакот на подемот кој се случува во женскиот спорт глобално, беше токму бројноста на натпреварувачките кои ја надминаа машката категорија. Тоа што на првенството учествуваа претставници од буквално сите краишта на светот и тоа што особено присутни беа и најмаргинализираните земји зборува за фактот дека покрај борбата за врвни резултати, ваквата спортска сцена значи да се биде видлив, да се биде тука и сега. Нашата цел како тим, заедно со Дејан Новковски, Љубиша Кондев и Огнен Бражански, настапот на ваков престижен настан беше отворање на една нова перспектива за момчињата и девојчињата кои допрво влегуваат во спортскиот свет. Апсолутно посветено од самиот зародиш на идејата и од аспект на тренажниот процес но посебно од аспект на обезбедување на сите предуслови кои во голема мера значат финансиски предизвик за реализација на ваков подвиг, горди сме да кажеме дека успеавме. Вниманието кое нашата приказна го заслужи од медиумите, новинарите и спортските работници во служба на промоција на македонскиот спорт е нешто кое за нас беше фасцинантно. Оттаму, отворени се нови хоризонти и можности чија реализација се наѕира веќе следната сезона.