АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Како идна локална самоуправа мора да создадеме и оставиме вредности, да ги уредиме улиците во Битола, велосипедските патеки да станат наша реалност, да имаме организиран сообраќај, да имаме уредни училишта, детски градинки, стари и згрижени лица, рече Нашата Петровска, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалиционите партнери на денешниот завршен прес пред изборниот молк.
-Да ги реконструираме месните заедници во нашата општина, спортските восклици да ечат на спортските терени, да имаме живот за сите нас! Да имаме почиста Битола! За сето тоа мора на 15 окртомври масовно да излезиме и два пати да заокружиме 19! 19 за градоначалник и 19 за совет, за да можеме конечно до затворањето на изборните кутии, најбројната бројка да биде бројот 19 за живот во Битола за сите- рече Петровска.