2win800x200

Партиски обвинувања за работата на РЕК-Битола

Февруари 02, 2019

„Не е планиран застој, туку дефект на првиот блок во РЕК Битола, кој неодмана имаше капитален ремонт“, обвинија денеска на прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ-Битола, откако завчера од Комбинатот соопштија дека Блокот 1 во следните десетина дена ќе биде планирано исклучен поради превентивна проверка и отстранување на детектирани дефекти.

-Хавариите во РЕК Битола стануваат секојдневие, што резултира со зголемени трошоци за цената произведен мегаватчас електрична енергија, а тоа диреткно го плаќаат граѓаните. Моментално надвор од функција е Блок1 со наводно планиран застој, а всушност се работи за дефект на парогенераторот, а Блок 1 ќе биде надвор од употреба цели 10 дена, рече Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ-Битола.

Од Комбинатот велат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно кон најголемиот производител на струја во државата.

„ За време на овој застој се врши еден крупен зафат – повторно ставање во функција на Трансфораторот 11 Т за сопствени потреби на Блок 1,  кој токму раководните кадри на ВМРО – ДПМНЕ го оставија неоперативен подолго време, со што ќе се обезбеди работа на овој агрегат во зимскиот период. Доведувањето на овој зафат во корелција со капиталниот ремонт на Блок 1 кој беше изведен минатото лето, патем речено после цели 8 години, не би можеле да го толкуваме никако поинаку освен како непознавање на состојбите. Исклучувањето на Блок 1, РЕК Битола ќе го искористи и за други активности кои треба да обезбедат стабилно производство на електрична енергија, особено до крајот на зимската сезона, посочуваат од РЕК Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани