2win800x200

Пласман на битолските учесници на Државното првенство во скијање на Пелистер

Март 01, 2019

215 ученици од цела држава се натпреваруваа во пет категории на Државното првенство во скијање за основни и средни училишта што се одржа на Пелистер во организација на Федерацијата и Општинскиот сојуз на училишен спорт.

 

„Со поддршка на Скијачката федерација и Ски клубот Пелистер натпреварот беше солидно организиран и мина без повреди“, соопшти Михајло Трампевски, претседател на Општинскиот сојуз на училишен спорт.

Меѓу битолчаните кои успеаја да се пласираат до десетто место беа:

-Мила Димовска прво место, Мила Ивановска трето место, Евгенија Божиновска на четврто место, Марија Марковска шесто место, сите ученици во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во катергорија на девојчиња од прва и втора година средно училиште.

-Во машка конкуренција на ученици од прва и втора година, најдобро пласиран битолчанец беше Теодор Капинковски од гимназијата „Јосип Броз Тито“ кој го освои петто место. Мицков Андреј од истото училиште се пласираше на шесто место, Петревски Андреј на осмо и Данило Прелевиќ на деветто место.

-Меѓу натпреварувачите од трета и четврта година Софија Петличковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ беше второпласирана,  Матеа Цветковска четвртопласирана. Никола Неделковски од истата гимназија во машка конкуренција го освои четвртото место, Ѓорги Стојановски седмо место, Благој Тошев деветто место.

-Од основците, во категоријата девојчиња од осмо и деветто одделение, второ место освои Наталија Чона од ОУ „Стив Наумов“, а  на трето место се искачи Емилијана Ризовска од ОУ „Коле Канински“. Во машка конкуренција најголем успех од битолчаните постигна Христо Динев од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ освојувајќи го петто место.

-Петто место освои и Ана Дабиќ од ОУ „Кирил и Методиј“ во категоријата на девојчиња од шесто и седмо одделение, па Илина Козарова од ОУ „Гоце Делчев“ на седмо место, Евгенија Негреска од ОУ „Климент Охридски“ осмо место. Од момчињата од Битола најуспешен беше Дони Петличков од ОУ „Гоце Делчев“ на четврто место, потоа Филип Ѓеоргиев од ОУ „Стив Наумов“ стигна до осмото место.

-Од петто одделенците Ангела Ристевска од О.У. “Стив Наумов“  освои петтото место.

52728004 2079301638843823 2956270825000402944 n

52856734 298846117447204 2919031860816248832 n

52877847 375055553048370 4984565883541127168 n

52850019 414828432421252 4248411675872460800 n

52968564 410134436213490 1252631824673275904 n

53233384 319623638693545 7182405643674845184 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани