2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ниту еден трик, ниту еден измислен и анонимен лик, најавен како “успешен бизнисмен” со туѓи пари, нема да ви помогнат да се оправдате за четирите одземени години на Битола и битолчани. Со изборот на анонимниот и неискусен Кондовски само признавте, дека ја потценувате и игнорирате Битола и битолчани имајте на ум, дека долго СДСМ не смееше да се појави меѓу битолчани, пишува во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола по објавата на СДСМ дека кандидат за градоначалник ќе им биде Христо Кондовски.

„Сите лаги и ветувања се разобличени, потврдивте дека ниту имате избор ниту сериозно за Битола размислувате. Очигледно критериумите за кандидирање не се квалитетот, професионализмот и познавањето на битолските прилики и проблеми, туку обичен пазар“, пишува во реакцијата, во која од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека завршува времето со правилото -се е на продажба и кај битолчани не поминува.

„Уште помалку врват сомнителни бизнисменчиња кои освен со далавери и корупција да го полнат својот џеб, досега не покажале ништо друго“, стои во реакцијата.

Уште додаваат дека поради актуелната власт Битола нема гасификација, пречистителна станица, економски инвестиции, ниту едно ново работно место, Мултифункционален спортски комплекс, нов сточен пазар, реновирана, ниту нова Противпожарна станица, а има сообраќаен хаос, ужасна инфраструктура и раскопани улици.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани