АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола и годинава ќе субвнционира еколошки корисни средства за животната средина, а во следните десет дена на официјалната интернет страница на Општината ќе се споведува анкета во која граѓаните можат да изберат за што приоритетно треба да се дадат субвенциите.
„По анализите, во анкетниот лист се понудени приоритетните субвенции и тоа: инвертери, вградување на плински уреди кај постарите возила и велосипеди. Граѓаните треба да изберат еден од понудените одговори. Нивното мислење ќе има важна улога во одлуката и оваа година, општина Битола, да им помогне на нашите сограѓани, како и изминатите години наназад, да имаат услови и можност и тие со субвенции од општината да придонесат кон подобрување на животната средина. Ова е се разбира само една од активностите кои општина Битола, ќе ги спроведе во наредниот период, во очи на грејната сезона“, рече Тања Крнчева, советник од Општина Битола.
Општината изминатите две години, спроведе субвенционирање на печки на пелети и системи и велосипеди, а оваа година, локалната власт ја зеде во предвид најавата на премиерот Зоран Заев, при неговата неодамнешна посета на Битола, за субвенционирање на инвертер клими за сметка на старите печки кои користат цврст огревен материјал, дрво или јаглен.
Според резултатите од досегашната анкета, најмногу битолчани заинтересирани се да за субвенционирање инвертери, за тоа досега гласале над 65 проценти од учесниците во анкетата, над 19 проценти за велосипеди и над 15 проценти за плински уреди за постари автомобили. Од една IP адреса може да се гласа само еднаш.