АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Локалната власт предводена од ДПМНЕ, Поинаку и Левица за само три месеци од мандатот потроши 2 милиони евра од касата на општината, изјави Елена Кромидаровска, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ.
„Два милиони евра се потрошени, а на терен нема никакви видливи резултати! Улица нова се нема изградено, ново училиште не е започнато, мостот кај Безистенот уште стои затворен! А, од сметката на Општина Битола за три месеци се потрошени повеќе од 2 милиони евра! На што се потрошени овие пари градоначалниче Тони Коњановски“, праша Кромидаровска.
-За нафта во училиштата сигурно не се. Оти општината не пушта пари училиштата да си ја платат нафтата за вештачки да креира слика за неспособност на директорите. Вака како што тргнала локалната власт предводена од ДПМНЕ и Тони Коњановски, Општина Битола за кратко време ќе се доведе во ситуација да не може редовно да си ги плаќа обврските. Ако денот по утрото се познава, Битола е на пат да го добие Тројче- , рече советничката.