АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски ја донесоа Битола на работ на банкрот! За една и пол година Коњановски потроши околу 50 милиони евра, а Општината нема пари за ништо! Коњановски противзаконски ги зголеми и даноците на имот за 300 отсто, но пак нема пари во касата за ниту еден од проектите што ги ветуваше! Прашањето е каде завршија парите на битолчани? Зошто нема пари за прифатилиште за бездомни животни, нема пари за спортски комплекс, немаат пари за планинарскиот дом Копанки? Но, затоа имаме многу примери каде стотици илјади денари се делеа кај сопартијци и роднини.
Ситуацијата во речиси сите битолски јавни претпријатија и установи е катастрофална. Директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на градоначалникот Тони Коњановски сместени во директорсктие фотелји и во управните и надзорните одбори! Комуналец е над 40 милиони денари во минус! Водовод е во минус од 21 милион денари! Паркинзи во минус од над 1 милион денари! ВМРО-ДПМНЕ ја заглави конзулска Битола.
„Владеачката коалиција предводена од СДСМ на локалните избори освои 13 советнички мандати. СДСМ е партија со најголем обединувачки потенцијал со нашите коалициони капацитети што сме го потврдиле во многу случаи досега. Пред нас е период во кој ќе бидат утврдени принципите за соработка со останатите советнички групи кои ги делат истите идеи- домаќинско раководење со парите на битолчани со цел изградба на модерна и европска Битола. Битолчани никогаш веќе нема да дозволат градот да го узурпираат мрачните сили од блиското минато“, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.
Запрашан како ќе обезбедат мнозинство во Советот тој одговори: „Официјално опозицијата на централно ниво е заедно со Либерално-демократската партија и ДУИ, сигурен сум дека цврстите заложби за градење на здраво општество и најдоброто во општината, ќе продолжат во правецот да се гради Општина Битола. Сигурен сум дека и со останатите партии кои ќе партиципираат во Советот ќе изградиме едно стабилно мнозинство со повеќе од 51 процент“, рече Илиевски.
Гостите од Франција, меѓу кои амбасадорот Кристијан Тимоние, поранешната амбасадорка Лоренс Оер, градоначалникот на Епинал, Мишел Хајнриш и други членови на делегацијата во придружба на домаќините, градоначалничката Наташа Петровска, советникот Менде Илиевски, конзулката Калиопи Кривашија Стилиновиќ и други претставници на Општината и градот денес прошетаа низ Широк Сокак.