2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На Влашките гробишта во Битола, денес беа одбележани 57 години од смртта на Милтон Манаки, еден од двајцата браќа кои беа првите сниматели на Балканот.

Пред почетокот на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, домакинот во Битола, Центарот за култура на својата фејсбук страница објави поштенска марка со ликот на Милтон Манаки кој била пуштена во употреба во 1980 година. Тоа било една година по создавањето на фестивалот, а марката во тоа време кога писмата биле едно од носечките средства за комуникација на далечина, покажува за високото вреднување на  делото на Манаки на просторите на поранешна Југославија. Годинава фестивалот слави 40 години постоење, па една ваква иницијатива добро ќе дојдеше.

„Во 1980 година тогашна ПТТ пошта на Југославија објави поштенска марка со ликот на Милтон Манаки. Нека ова биде поттик и за Македонска Пошта. Убаво би било браќата Милтон и Јанаки Манаки да ги имаме на наша поштенска марка во ново издание“ напишаа од Центарот за култура.

Битолчанки носеле елегантни венчални фустани и превези на свадбените церемонии уште кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Ова го вели познатиот битолски фотограф Петар Ставрев кој пред неколку години на Локум фест ја постави изложбата „Битолски свадби“. Тогаш имаше можност да избере фотографии од богатиот опус на Милтон Манаки.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани