АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дали паркот во Нова Битола ќе се гради на општинско, државно или на приватно земјиште? Вакво прашање до градоначалникот Коњановски упати советникот советникот Петар Николовски од СДСМ, а на истата тема се надоврза и советникот од Левица Горан Велевски „дали има судска постапка во Управен суд Скопје за денационаланизација на парцелите каде ќе се гради паркот во Нова Битола?“
Градоначалникот Тони Коњановски потврди дека дел од поранешните сопственици водат постапка за надомест , кој ќе им биде исплатен и паркот ќе се направи.
„Наместо бетон, битолчани ќе добијат зеленило на површиона од 30 000 метри квадратни. Реши оваа власт и зелените површини да ги зголеми, она што безмилосно е исечено во касарната, ете сега на друга локација локација, ќе имаме парк во Нова Битола. Општинската администрација направи претходно анализа во делот на земјиштето и одговорно тврдам дека паркот ќе биде придобивка за сите дури и за оние кои биле поранешни сопственици на земјиштето кои водат постапка за надоместок пред Министерството за финансии. Точно е, се водат постапки за надоместок и тоа ќе биде исплатено онака како што законот предвидува“, рече Коњановски.
Пред десет дена Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска најавија дека Битола ќе добие нов парк кој покрај хортикултурно и партерно уредување, ќе содржи и спортски и детски реквизити, урбана опрема и соодветно осветлување.