2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

 

Во целот ја пренесуваме прес конференцијата на советникот Пеце Николовски од СДСМ :

„Од 36 милиони евра буџет за оваа година, Коњановски само нецели осум предвидува за капитални расходи. СДСМ постојано укажува на расипничкиот однос на градоначалникот Коњановски и одново и одново, во Советот на општината настојува да го вразуми градоначалникот и советниците од ДПМНЕ дека одговорноста за трошењето на парите на граѓаните е на секој учесник во креирањето на буџетот.

Но, по се изгледа тоа не допира до луѓето кои раководат со Општината и важно им е преку разни трансфери и договорни услуги да си обезбедат пари за нивните пријатели, роднини и партиски другари. Решавањето на проблемите на граѓаните им е во втор план.
Како потврда за тврдењето на СДСМ е и предлог ребалансот за буџетот на Општината кој после тримесечно најавување Коњановски се одважи да го предложи и советниците треба да го разгледуваат на седницата во вторник.
 
Иако приходите на основниот буџет на Општината се зголемуваат за 22.526.371, како резултат пред се на зголемените приходи трансферирани од државата по основ на ДДВ и данок од доход, Коњановски и екипата драстично ги намалуваат капиталните расходи.
 
Со ребалансот, Коњановски ги намалува капиталните расходи за 35 милиони денари, а за 58 милиони или скоро милион евра ги зголемува трошоците за разни трансфери, за договорни услуги, за неговата плата. Така, за оператвните расходи планира да потроши 565.007.720 или над 9 милиони евра, а за капитални објекти 378 милиони или 6 милиони евра.
Ако се имаат предвид и дотациите од државата, Коњановски од 36 милиони евра за годинава, планира да потроши само 6 милиони за капитални расходи од буџетот на општината и 2 милиони од дотациите од државата.
 
СДСМ доследна на политиката од 2017 до 2021 година, нема да подржи ребаланс со кој ќе се намалуваат парите за изградба на објекти, проекти и инфраструктура и бара Коњановски да го повлече ребалансот и на советниците да им предложи ребаланс со кој ќе се зголемат парите за капитални објекти, а ќе се намалат оперативните расходи.
 
Доколку тоа не го направи, советниците од СДСМ ќе бараат поддршка и од другите советнички групи, за заедно да се настојува да се спречи расипничкото трошење на буџетот на Oпштината“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани