Богоев: Царинската управа заплени 184 обврзници со вкупна вредност од над 92 милиони долари

Август 08, 2023

„Царинските службеници на влез во државата заплениле 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500 илјади долари или вкупна вредност од 92 милиони долари. Обврзниците се најдени кај патник, турски државјанин кој пристигнал со редовен лет од Истанбул“ изјави директорот на Царинската управа, Стефан Богоев на прес-конференција.

Тој додаде дека турскиот државјанин се обидел да помине на зелениот канал, односно избрал да не пријавува стока на царина, но по контролата со скенер и дополнителната детална контрола, обврзниците биле пронајдени во четири папки во црна рачна торба.

„Согласно одредбите од Законот за царинска управа и Законот за прекршоци, Царинската управа поднесе соодветна пријава до надлежниот суд. Следствено на тоа, по завршената судска постпака, Основниот суд Скопје донесе пресуда со која се одземени обврзниците, а на лицето му е изречена парична казна. Обврзниците се одземени и ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот“ рече Богоев.

Директорот на Царинската управа додаде дека истрагата продолжува со отворање на финансиска истрага со сите релевантни тела и институции на национално и меѓународно ниво со цел целосно расветлување на случајот.

„На овој случај пристапуваме со особено внинмание и посветеност земајќи го предвид посточекитот тренд на ззлоупотреба на обврзниците како инструмент за перење пари“ рече Богоев.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани