Промовирана книгата „Современ менаџмент на системот за заштита и спасување“ од авторот Менде Солунчевски

Мај 19, 2018

Македонско научно друштво-Битола во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ приреди промоција на книгата „Современ менаџмент на системот за заштита и спасување“ чиј автор е д-р Менде Солунчевски, професор на Воената Академија-Скопје, Бизнис Академија Смилевски-Битола, Славјански универзитет-Свети Николе и професионалец, вработен во Министерството за одбрана.

Според рецензентот и промотор на книгата, професор д-р Лидија Стефановска, книгата на професорот Солунчевски претставува професионален и структурен спој, во една целина, на менаџментот и системот на заштита на спасување.

-Ккнигата е добро структуирано интелектуално дело, напишано со модерен стил и јасен и разбирлив речник. Вредноста на трудот посебно се зголемува бидејќи успешно е извршено спојување на две важни проблематики кои се во насока на подобрување на системот за заштита и спасување во Република Македонија. Делото на авторот Солунчевски се вбројува во еден од најсеопфатните трудови од областа на системот за заштита и спасување објавени во државата, нагласи рецензентот и промотор на книгата, професор д-р Лидија Стефановска.

Пред аудиториумот во Битола, авторот Солунчевски предочи дека современото општество презема бројни мерки и активности за заштита и спасување на населението и материјалните добра од различни извори на загрозување.

-Потребен е интегриран пристап за искористување на научните и практичните сознанија во менаџментот и заштитата и спасувањето  заради воспоставување на современ менаџмент во заштитата и спасувањето, а со цел ефективно и ефикасно справување со актуелните природни непогоди и несреќи, рече меѓудругото авторот, професор д-р Менде Солунчевски на синоќешната промоција во битолската универзитетска библиотека.

Издавач на книгата  „Современ менаџмент на системот за заштита и спасување“ е Македонско научно друштво-Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани