2win800x200

Битолчани се жалат на инфраструктурни проблеми кај градоначалникот Коњановски на вториот отворен ден

Март 04, 2022

Во Општина Битола, денес се одржува вториот отворен ден, на кој градоначалникот Тони Коњановски и раководителите на општинските сектори и одделенија, разговараат за прашањата, проблемите и идеите на граѓаните . Интересот за отворениот ден, овојпат беше тројно зголемен, така што до општината преку овозможените форми на пријавување, пристигнаа 290 барања. Поради ваквиот интерес, отворен ден ќе се одржи и во среда, за што заинтересираните граѓани се веќе известени. Со цел, овозможување еднаков пристап за секој граѓанин, општината воведе можност за физичко, електронско и телефонско пријавување, како и соодветни услови за средба со оние граѓани кои се соочуваат со одредени здравствени потешкотии.

Најчестите прашања на отворениот ден се однесуваат на инфраструктурни проблеми, прашања во врска со процесот на легализација, предлози за уредување на општината, подобрување на економската состојба на граѓаните, вработување, но и други идеи поврзани со социјална и детска заштита, културни и спортски манифестации и други настани и проекти, кои можат да придонесат за подобрување на животот во општината.

Средбите со граѓани се реализираат во согласност со протоколите за заштита од КОВИД 19, според претходно утврден распоред за кој граѓаните навремено се известени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани