Во салата на Народниот театар од Битола, се одржа 57 манифестација “Избор на најдобри спортисти на Битола за 2021 година“, во организација на Сојузот на спортови со поддршка на Општина Битола.
Градоначаникот Тони Коњановски ги поздрави присутните, кои ги запозна со вложувањата во спортот на кои работи локалната самоуправа, реконструкцијата и изградбата на спортски терени, поддршката на професионаните клубови, училишниот спорт. Коњановски ја најави соработката за развој на Универзитетскиот спорт, изградбата на новиот спортскиот комплекс, како и понатамошната поддршка на повеќе спортски манифестации со цел поттикнување на спортскиот и натпреварувачки дух кај младите генерации.
Коњановски им ги додели наградите на најдобрите спортисти на Битола за 2021 година.
За најдобар спортист избран е Јосип Периќ, капитен на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, кој рече дека е посебно благодарен на Битола, на Сојузот, но и на клубот, на тренерот, на навивачите и семејството од кои ја има поддршката.
На второто место се најде кошаркарот Бобан Стаиќ, капитен на Пелистер, а третопалсиран е кугларот, Пецо Димовски. Ракометарот Павле Атанасијевиќ е на четврто место. Петтото место го делат боксерот Александар Најдовски и велосипедистот Јовче Даскаловски. На шесто место е скијачката Ева Милевска и одбојкарката Ева Трпевска. На седмо место се кик-боксерките Леа Бошевска и Ана Марија Димовска. На осмо место се ракометарките Емилија Ризовска и Марија Јанкуловска. На деветто место фудбалерите Филип Трајчевски и Анита Гоцевска, а десетти се стрелецот Филип Стојановски и џудистот Петар Ристески.
Награди на најдобрите им додели и претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, која истакна дека и е мило што е дел од оваа најстара манифестација на која се прогласуваат најдобрите спортисти на Битола веќе 57 години, и дека на бината има голем број на млади спортисти кои се иднината на спортот во Битола.
Најдобра екипа на Битола за 2021 година е ракометен клуб Еурофарм Пелистер, следуваа кошаркарите на Пелистер и одбојкарките на Пелистер Волеј. Во младинска категорија најдобра екипа е прогласена Пелистер Волеј, следуваат младинците на Еурофарм Пелистер 2, и кугларките на Пелистер ПИН.
Посебни признанија за ветерани на спортот во Битола добија Ице Ѓоргиев-Бајче за посебен придонес во развојот и афирмацијата на боксот, Димче Миновски – спортски хроничар и објавени 10 книги за спортските клубови од Битола, Милка Гемтова Георгиевска – скијање -за животно дело и Ѓорѓи Костовски – алпинизам- за животно дело – од Анди до Монт Еверест.
Признанија за селектори на национални селекции од Битола добија Игор Михајловски – селектор У-19 куглање, Роберт Митковски – селектор У-19-одбојка, Ѓуро Илиќ –селектор -сениори-аикидо, Африм Јусуфи – селектор сениори-велосипедизам.
На манифестацијата беа доделени и посебни признанија за придонес во развојот на спортот, награди за млади спортисти, награди за спортски педагози, а наградени беа и екипните победници на ноќната трка која беше организирана по повод 4 Ноември.