2win800x200

Сметот од струшката и охридската депонија ќе се носат во регионална во Новаци, вели Мерко

Март 20, 2022

Сметот од струшката дива депонија и охридската на Буково ќе се носат на нова регионална депонија во Пелагонискиот регион на територија на општина Новаци која ќе биде изградена според европските стандарди – собирање на исцедокот за да се спречи загадување на водите, како и изведба на подлога на депонијата од геолошка бариера, геомембрана, геотекстил и слој за дренажа, објави24.мк.

Советот на Југозападниот плански регион донел одлука за формирање јавно меѓуопштинско претпријатие во Новаци за транспорт на смет. Финансиските средства за воспоставување на овој систем за управување со отпадот се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

„Веќе дадовме претставници од сите општини, со предност во Општина Новаци да биде седиштето на новото меѓуопштинско претпријатие за управување со сметот. Дивите депонии еднаш засекогаш да излезат од секојдневниот нпад и критики од граѓаните. Добиени се средатва, доделени на Министерствопто за живота средина и ова е убрзана постапка за што посокро да се реши овој проблем“, рече градоначалникот на струга Рамиз Мерко.  

Имплементација на овој проект ќе се одвива релативно брзо, уверува Мерко.Со овој регионален систем за управување опфатени ќе бидат општините Охрид, Дебар, Струга, Кичево, Прилеп и Битола.

Со изградбата на регионалната депонија на местото во иднина треба да се затворат постојната охридска депонија „Буково“, струшката депонија, како и сите останати општински локации за одлагање на отпадот кои до денешен ден предизвикуваат проблеми и негодувања кај населението, критики од УНЕСКО и на еколошките организации поради досегашните палења на отпадот, загадувањето на водите и нивната севкупна опасност по животната среди, пренесува 24.мк..

Веднаш по веста, селдуваа реакции на социјалните мрежи од страна на битолачани.

„Не ми се верува што сега слушам на вестите! Мерко кажува дека во општина Новаци, готово било да се изгради регионална депонија, за општините Струга,Охрид, Кичево, Ресен, Битола,Прилеп и да не има уште некој град! Парите биле обезбедени и со ова готово, трајно ќе се решел проблемот со дивите депонии! Добро бре, имате ли вие памет или немате,ако е ова навистина дозволено? Па доста цела Пелагонија е отруена и загадена со РЕК Битола 50 години, сега треба да стане главна депонија за скоро пола Македонија? Прв сум против оваа идеа и прв ќе ја бранам Пелагонија со сите демократски средства“, напиша битолчанецот Владо Стојанов. 

„„

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани