2win800x200

Ристевска-ВМРО-ДПМНЕ направи културен инжинеринг и е најмалку повикана да зборува за културата

Март 30, 2022

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува било што за состојбата во културата, рече денеска Софија Ристевска, режисер, претставник на комисијата за култура на ОО на СДСМ Битола.

-Цели 11 години оваа партија ги потценуваше и манипулираше културните работници и потроши стотици милиони евра за споменици, фасади и лажен барок со цел да направи културен инжинеринг. Додека ВМРО-ДПМНЕ културните работници ги сведуваше на административни чиновници, Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за културата и уметниците. Во овие четири и пол години, платите во културата се зголемени за околу 120 отсто споредбено со времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ристевска прециизрајќи дека  по конкретни работни места, ако еден актер во втора група имал плата од 27.579 денари, денес тој добива плата од 39.735 денари. Актер првенец земал 34.402 денари плата, а сега зема 52,061 денар. Вработен во гардеробер за театарски костими имал плата од 14.818 денари, а денеска таа изнесува 22.480 денари.

Во однос на колективниот договор, Ристевска рече дека во културата цели 19 години немаше никаков Колективен договор. Денес, благодарение на одговорниот и инклузивен пристап на СДСМ, воведени се и додатоци за ноќна работа, за прекувремена работа, за работа за време на празници, како и за недела неработен ден.

-Владата предводена од СДСМ, Министерството за култура продолжуваат со отворен дијалог со културните работници. Платите во културата ќе продолжат да растат, трудот на културните работници ќе се вреднува достоинствено, рече Ристевска.

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани