АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученикот Даниел Зхоу Главевски од гимназијата „Јосип Броз Тито“, ќе биде единствениот претставник од општина Битола, кој ќе учествува на Светските школски летни игри, кои ќе се одржат од 14 до 22 Мај во Нормандија, Франција.
Претставници од гимназијата „Јосип Броз Тито“, заедно со ученикот се сретнаа со градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и посочија дека со досегашните постигнати резултати на Даниел, за прв пат училиштето има можност да учествува на еден ваков натпревар од светски ранг.
Градоначалникот Коњановски им посака голем успех на престојните Светските школски летни игри и истакна дека Општина Битола преку Програмата за активности во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2022 година ќе го поддржи битолскиот средношколец и неговиот ментор со финансиски средства за нивното патување.
Светските школски летни игри се организираат секоја втора година и вклучуваат воспоставена рамнотежа помеѓу спортот и едукацијата, со цел да се зголеми свеста за улогата на спортот во воспоставувањето на фер игра, здрав начин на живот, почит и заедништво.