2win800x200

Вероника Кочов и Иван Стефановски со изведување мајсторски кати се закитија со златен медал на меѓународниот карате Балкански турнир во Скопје

Април 11, 2022

 

На меѓународниот Балкански турнир кој се одржа во Скопје на 02.04.2022 год. Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА настапи со 26 натпреварувачи и се закити со : 5 злата, 4 сребра и 10 бронзин. На овај натпревар  учествуваа  550 натпреварувачи од 46 клуба од Балканот.  По повод светскиот ден за подигнање на свеста за аутизам Вероника Кочов и Иван Стефановски го отворија првенството со изведување мајсторски кати и се закитија со златен медал..

Нема достапен опис

            Со најголем број медали се закити Никоја Петковски , вкупно четири и тоа едно злато, две сребра и една бронза. Со златни медали се закитија : Свидерски Божидар, Теофан Ивановски и Николај Петковски  во дисциплина ката тим машки 2015,  Иван Стефановски, Вероника Кочов и Надалина Талевска ката женски 2010 год. и   Симона Ѓоревска, Стефанија Петковска и Ана Костојчиновска во ката тим сениори. Со сребрен медал се закитија: Николај Петковски, Магдалена Попчевска  и Лука Гиланов во ката тим 2015 и помлади, Емилија Илковска, Александар Божиновски и Михаил Марковски ката тим  машки 2009/2010, Илина Мојанчевска ката 2009 год. и Николај Петковски апсолутна категорија 2015 год. и помали. Со бронзен медал се закитија: Ива Трајковска, Елена Белџигеровска и  Виктор Ристевски ката тим женски 2013/2014 . Александар Божиновски , Емилија Илковска, Надалина Талевска ката тим 2009/2010 женски.  Илина  Мојанчевска , Тони Кулевски и Давид Стојчевски кадети /јуниори ката тим машки, Николај Петковски ката 2015 год.,  второ ниво,  Стефан Тодоровски  2011 год. во кати се закити со две бронзи,  Јасна Дунгов ката женски 2011год. Јована Павловска  2011 год. ката женски и Михаил Стефановски -35 кг. помлади кадети во кумите.

- Горда сум како тренер бидеќи ова е голем успех за нас како клуб и за Битола бидеќи К. К. „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА е единствен клуб од Битола кој настапува на натпревари од ваков размер и постигнува висок пласман. Во мај ни претстојат уште два меѓународни турнири на кои очекуваме уште подобри резултати, вели                      тренерот Стевка Јанковска Петковска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани