2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Значително помалку заболени од ковид, но Битола меѓу градовите со највисока неделна инциденца

Април 12, 2022

Во последните три недели се забележува стабилизирање на бројот на заболени лица од ковид-19, а во последната недела значително намалување  од 31 процент, пишува во Извештајот на Институтот за јавно здравје за период од 4 до 10 април годинава. Тестирани се вкупно 14.434 материјали со намалување од 3 проценти во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.106 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, со намалување од 31отсто. Процентот на позитивност просечно изнесува 7,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола, Демир Капија  и Ресен. Во Битола денес новозаболени 23. Од појавата на пандемијата до денес 15027 позитивни случаи, од кои активни 153. 

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени над 60 години, а најмал број деца до 9 години  Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи особени кај лицата од  50-59 години. .

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.530 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 10,6% помалку во споредба со минатата недела. Пријавени се 175 реинфекции, со намалување од 36,1% и 10 смртни случаи во 4 градови за 23,1% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (6). И натаму присутни се BA.1 и BA.2 сублиниите на Омикрон.

Заклучно со 10.04.2022, пријавени се вкупно 307.817 случаи со коронавирус. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово и Кавадарци, а највисок морбидитет во Кавадарци и Скопје. Највисок морталитет во Прилеп, Кавадарци и Охрид, а  леталитет во Струга и Крива Паланка .

Регистрирано е намалување на инциденцата во последните две недели во 28 градови, со најголемо намалување во Дојран, Кратово, Демир Хисар, Богданци и Македонски Брод. Зголемување се забележува во Крушево, Пробиштип, Делчево, Свети Николе, Демир Капија, Битола и Ресен, додека состојбата останува непроменета во Македонска Каменица.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 63 лица (11,3% помалку во споредба со претходна недела), од нив 25 се на кислородна поддршка (7,4% помалку), нема пријавено лица на механичка вентилација, а претходна недела беа пријавени пет.

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата, Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 2, со соодветни капацитети за одговор.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани