2win800x200

И Заедницата на Македонците протерани од Грција утре повикува на протест во Битола

Април 15, 2022

Заедницата на Македонците протерани од Грција од Егејскиот дел на Македонија ги повикува Македонците од Егејскиот дел на Македонија и сите граѓани на Битола во Сабота на 16-04-2022 година да излезат на мирен протест пред домот на културата со почеток во 13 часот против негаторската политика која Бугарија ја води спрема нашата Македонија. Демократско право е на секој човек на планетава Земја слободно да се изјасни за своја национална припадност. Ние немаме ништо против тоа што некои Македонци за своја национална припадност ја одбрале бугарската националност, тие се добредојдени во Република Македонија се до тогаш додека се лојални граѓани на оваа земја, додека го почитуваат Македонскиот Устав и сите законски норми кои произлегуваат од него.

Бараме од бугарија со иста мера да одговори и за правата на граѓаните во Бугарија кои се чувствуваат и се декларираат за Македонци. Еве на овај ден најголемиот политички врв на Бугарија доаѓа во Битола за свечено пуштање на бугарски клуб , тоа нас не ни смета, но протестираме против негаторската политика на Бугарија кон се што се нарекува Македонско во сиот свет. За возврат на нашата добронамерност бараме Бугарија да им дозволи на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија да отвораат свои Македонски клубови, да дозволат регистрирање на ОМО ИЛИНДЕН-ПИРИН која како лојална група на граѓани на Бугарија почитувајќи ги бугарските закони ќе делуваат за афирмација и унапредување на нивните национални права , нивната македонска националност, право на вклучување на македонскиот јазик во образовниот систем на Бугарија

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани