2win800x200

Паркингот во Новиот пазар „ослободен“ од пазарџиите, од „Пазари“ најавуваат уредување на просторот

Април 30, 2022

Советот на општина Битола доцна синоќа едногласно ја изгласа одлуката пазарџиите од паркингот да се дислоцираат во вантрешноста на Новиот пазар и да им се обезбедат соодветни услови за работа. 

По одлуката с еогласи и ЈП Пазари кое стопанискува со Новиот пазар.
 
Од таму велат дека после направените анализи и согледувања на состојбите во Пазари  а на барање на граѓаните кои гравитираат околу Градскиот реонски пазар, сопствениците на дуќани во Градскиот реонски пазар и закупците на тезги во Градскиот реонски пазар, Управниот одбор на Пазари- Битола донесе одлука за поништување на одлуката за продажба на земјоделски производи на паркингот на Градскиот реонски пазар.
-ЈП Пазари пред да пристапи кон носење на ваква одлука обезбеди доволно продажни места во продажниот простор на пазарот. Во моментот и во периодот кој следува работиме на подобрување на хигиенско- техничките услови во Градскиот реонски пазар.
Им благодариме на советниците од сите советнички групи кои на синоќешната седница на Советот на Општина Битола оваа одлука едногласно ја изгласаа.
ЈП Пазари во континуитет ќе работи на подобрување на условите за работа на пазарџиите, како и обезбедување на задоволство при пазарењето на граѓаните.
Со оваа одлука се надеваме дека ќе се стави крај на безредието, нехигиената и хаосот кој владееше во околината на паркингот на Градскиот реонски пазар, велат од 
ЈП'' Пазари''- Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани