2win800x200

Неверојатен кам-бек на битолчанецот Кико- втор на шампионатот во мотокрос во Романија

Мај 09, 2022

Шампионот Христиан Илиовски Кико, во Романија го освои второто место на BMU European motocross championship, во исклучително силна конкуренција и после 5 години пауза од вакви големи интернационални натпревари. Кико блеска во новата сезона и дома и во странство, ова е неверојатен кам-бек на овој наградуван спортист, кој изминатите години паузираше заради немање на поддршка во тоа што најдобро го прави, возењето на крос-мотори.

“Се враќам на старите патеки, со нови успеси после подолга пауза. Ова е како нов убав сон и пресреќен сум, ” напиша Кико на социјални медиуми каде се заблагодари на клубот, спонзорите, фановите и неговото семејство.

Христиан Илиовски Кико направи неколкугодишна пауза, поради немање никаква поддршка за да може да се занимава со овој скап спорт. Пред почетокот на новата сезона тој доби поддршка од неколку битолски, прилепски и една грчка комапнија за да може да ја рестартира својата спортска кариера. 

279764454 1218888012252345 7790822750947750290 n

279889374 1032768804000146 417221820855636993 n

279311538 394666529223815 5466167460063031786 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани