185 граѓани кои аплицираа на јавниот повик објавен од Општина Битола, ќе добијат надомест на дел од трошоците за купување на велосипед. Јавниот повик, беше објавен согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Битола за 2022 година и донесената Одлука од страна на Советот.
Со спроведувањето на овој јавен повик, општината има за цел да ги мотивира граѓаните на поголемо користење на велосипедот како замена за моторните возила, а со тоа и подобрување на квалитетот на животната средина.