2win800x200

Советниците од Пелагонискиот регион во посета на депонијата во Кожани-Грција

Мај 19, 2022
На покана на Министерството за животна средина и просторно планирање,  членови на советот на општините Битола и Новаци и жители од овие општини, имаа еднодневна студиска посета на санитарната депонија EPADYM S.A., Еордеа, Грција во близина на Птолемаида и Кожани.
Регионалната депонија во близина на Кожани опслужува 4 префектури и 10 општини во овој дел на Грција.
Од отпадот кој се собира 68% се рециклира, а 32% се одлага на изградената депонија.
За потребите на депонијата се изградени и 10 претоварни станици кои го собираат отпадот од општините, а потоа го транспортираат до регионалната депонија во Кожани.
Посетата на депонијата беше реализирана во рамките на проектот: „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведската агенција за развој SIDA, а спроведен од Шведската асоцијација на општини и региони SALAR.
Целта на посетата е да се запознаат граѓаните на Општините Битола и Новаци со функционирањето на еден ефикасен систем за регионално управување со отпад, како и да им се даде можност за разговор на оваа тема со експерти од областа на менаџирањето со отпадот и рециклирањето.
Можно е да е слика од 3 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 8 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 10 луѓе, седнати луѓе и внатре
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани