2win800x200

Обука “Сите сме посебни”- ООУ „ Ѓорѓи Сугарев’ Битола може да се пофали со упешни Еразмус плус приказни

Мај 21, 2022

Континуираниот  професионален развој на наставниот кадар е една од најважните алки во обезбедување квалитетно образование на учениците. ООУ „ Ѓорѓи Сугарев’ Битола може да се пофали со упешни Еразмус плус приказни меѓу кои е и Обуката на наставен кадар за инклизивно образование.

-Обуката “Сите сме посебни”, инклузија и поддршка на учениците со посебни потреби во, и надвор од училницата, беше одлична можност да се научи нешто ново. Преку споделување на добри практики и поттикнување размена на креативни идеи,  ни  беше овозможена  извонредна прилика за личен и професионален развој.

За време на обуката не само што научивме многу нови работи, туку и уживавме и споделувавме среќни моменти заедно со наставници од Германија, Полска, Финска, Австрија  и Чешка. Понесовме незаборавни спомени и создадовме  пријателства кои ќе траат уште долго време,изјавија од тимот на 9 наставници вклучени во проектот. 

Обуката  овозможи подлабоко разбирање на динамиката на часот, благосостојбата на учениците, на успешното учење, како и на улогата на семејството во инклузивните училишта. ”Сите сме посебни”, ја рефлектираше поставеноста на наставниците во инклузивните паралелки, со цел да се избегне етикетирање, изолација и малтретирање на децата со посебни образовни потреби и на оние со типичен развој, подеднакво.

-Сите со нетрпение очекуваме што поскоро да го примениме наученото. Како едукатори, знаеме дека најважната работа е да се  направи позитивна промена во животот на секое дете и да му се помогне да го реализира својот целосен потенцијал.

Наставниците се стекнаа со компетенции од полето на инлкузијата на децата со попреченост: оценување и справување со ризици; Презентација на случаи од реалната наставна пракса на европско ниво, велат  наставниците. 

Учесниците беа запознати со главните видови попреченост, како што се тешкотии во учењето(дислексија и диспраксија), емоционални и пореметувања во однесувањето (ADHD, ADD, депресија и биполарно нарушување), интелектуална, физичка и социјална попреченост(аутизам). Бевме охрабрени да ги споделиме нашите искуства на ова поле, како и тешкотиите со кои се среќаваме во работата. Со колегите од другите држави споделивме мислења, практики, проблеми како и начини за решавање на истите. -Интеракција меѓу врсниците, како и меѓусебна поддршка во инклузивните групи;

Вежби во група за зајакнување на кохезијата во инклузивните паралелки;

-индивидуални и групни практични активности.

Изработивме серија на активности за спречување на изолација како и на нарушување во однесувањето уште на почетокот на секоја на училишна година. При тоа се водеше сметка за интеракцијата меѓу учениците и меѓусебната поддршка, како базични елементи за формирање на социјалните вештини, за градење на самодоверба, како и за справување со стрес и чувство на беспомошност.

Научивме како да ја поттикнуваме соработката  и поддршката меѓу децата со типичен развој и оние со посебни образовни потреби во инклузивните паралелки.

Учествувавме во практични активности за спречување на изолација и нарушено однесување, кои можат конкретно да се применат во училница како и позитивен однос и соработка со родителите во инклузивни паралелки;

Изразуваме огромна благодарност до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и директорот Роберт Филиповски за постојаната поддршка во професионалниот развој на наставниот кадар.

Сите учесници на крај ја имаа ексклузивната можност да се воодушевуваат на прекрасните зајдсисонца дочекани на грандиозните архитектонски дела на глемиот шпански архитект Гауди.Барселона дишеше во духот на Гауди а ние си заминавме со незаборавни спомени и одлично проФесионално искуство.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани