2win800x200

Промовиран видео запис во чест на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“

Мај 24, 2022
На иницијатива на локалниот младински совет со поддршка на Општина Битола, како и во соработка со основните и средните училишта, Универзитетското студентско собрание при УКЛО, во "Кино Манаки" при ЈОУ Културен и Информативен центар Битола, денес беше промовиран видео запис во чест на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“.
На промоцијата присуствуваа градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на Советот, Габриела Илиевска, советници од општинскиот совет, како и многу деца, млади, професори и наставници од училиштата кои учествуваа во овој видео проект.
Силната порака за големината и значењето на големото дело на „Св.Кирил и Методиј“, испратена низ креативноста на младите, можете да ја проследите во видеото, кое е достапно на овој линк https://www.youtube.com/watch?v=GvIT2ogE6qo

 

May be an image of 9 people, people standing and indoor

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани