2win800x200

Мицкоси обвини дека ЕСМ неподготевни ја дочекаа енергетската криза, од компанија одговорија дека тој нема легитимитет да зборува за енергетика

Јуни 03, 2022

Христијан Мицкоски е опседнат со енергетиката, иако нема легитимитет да зборува на таа тема,  одгворија денеска од АД ЕСМ по обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека струјата ќе поскапи затоа што во Државните електрани се рабти недомаќински.

-Требаше да ги подготват акумулациите, да има доволно вода и плански да ја трошат, требаше да ги подгвотват ископите во рудниците и да има доволно откриен јаглен 5 години однапред. Требаше да ја продолжат модернизацијата и да направат ремонт на тие производствени постројки. Требаше да произведат 80 проценти повеќе електрична енергија од она што произведуваат ЕСМ сега. Тоа е 2 милиони мегават часови повеќе, ако на берзите сега цената  е 250 евра, тоа е половина милјарда евра повеќе за граѓаните и компаниите. Колку толку, ќе им помогневме во енергетската криза, немаше од буџетот да трансферираме средства за да ја спасиме ликвидноста на ЕСМ и да се поделат плати за некој да краде. Тие половина милјарда евра ќе останеа во буџетот и ќе имаше и за капитални проекти, за повискоки плати, за реформи, рече Мицкоски при посетата на Битола, одговарајќи на новинарско прашање.

Од Државните електрани потсетија дека тој како советник во Владата на Груевски, а потоа и како директор на ЕЛЕМ ја зголеми цената на електричната енергија  и купуваше скапа струја.

-Мицкоски како советник во Владата на Никола Груевски ја зголеми цената на струја за 100 посто. Мицкоски како директор на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ купуваше струја за над 200 евра од мегаватчас во моменти кога цената на берза изнесуваше 50 евра за мегаватчас. Мицкоски како директор на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ дозволи 10 години да не биде направен ремонт на трите блока на РЕК Битола. Мицкоски не исплаќаше К-15 на вработените во АД ЕСМ. Мицкоски ниту еднаш не ги покачи платите во ЕСМ. Зошто тогаш Мицкоски смета дека има легитимитет воопшто да зборува за енергетиката? Потенцираме уште еднаш дека Христијан Мицкоски како директор на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, во услови кога немаше светска енергетска криза и цената на струјата на берзите се движеше помеѓу 40 - 50 евра за мегаватчас, купуваше и увезуваше струја во вредност од над 200 евра за мегаватчас заради непроизведство од домашните капацитети. Наместо да шири паника меѓу граѓаните, Христијан Мицкоски нека ги советува градоначалниците како да ги намалат трошоците за струја, без да се поигруваат со системот. АД ЕСМ ја надмина енергетската криза со која се соочи државата без ниту еден ден рестрикција на струја и без запирање на испораката, вложувајќи ги сите сили и со голема поддршка од Владата. АД ЕСМ изминатите пет години е заштитник на цената на струјата за граѓаните. И ќе биде се додека на чело на компанијата е овој менаџерски тим, велат од АД ЕСМ

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани