2win800x200

Анета Талевска од денес нов директор на Домот за доенчиња во Битола

Јуни 07, 2022

Анета Талевска, од денеска е назначена за нов вршител на должност во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. 

Талевска е вработена во Домот од 2007 година, со завршена Висока медицинска школа на позиција главна медицинска сестра. Нејзиното назначување следува откако досегашната директорка Елена Наумовска е разрешен по нејзино барање, поради навршување на 67 години и остварување на правото на старосна пензија.

Анета Талевска доаѓа на челната позиција во установата, во многу чувствителен момент, кога полицијата поведе истрага за вработена, осомничена за запоставување на дете, штитеник во Домот.

Талевска за Апла.мк вели дека штитениците во Домот ги уживаат сите детски права токму во овие групни домови. Случката со вработената ја покажува грижата и одговорноста на менаџерскиот тим за штитениците во Домот. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани