2win800x200

Забрана за движење во НП Пелистер од 23 јули

Јули 22, 2022
Националниот парк Пелистер информира дека од 23 јули настапува забрана за движење во рамките на паркот.
-Ве известуваме дека поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Ј.У.Н.П. Пелистер воведува задолжително пријавување на поединци или групи кои планираат движење во шумите и шумското земјиште на територија на паркот во периодот од 6:00 до 20:00 часот.
Задолжителното пријавување заради издавање на дозвола за движење на територија на НП Пелистер не важи за органите на Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти.
Пријавувањето може да го извршите во просториите на НП Пелистер на улица Виенска бр.13 или преку е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани